Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛИКВИДИРАНО ЦЕЛО СЕМЕЈСТВО, УБИЕНИ СЕ И ДЕЦАТА: Застрашувачки сцени од телата на тројца возрасни и пет деца во куќа во Јута

ЛИКВИДИРАНО ЦЕЛО СЕМЕЈСТВО, УБИЕНИ СЕ И ДЕЦАТА: Застрашувачки сцени од телата на тројца возрасни и пет деца во куќа во Јута

Осум лица, меѓу кои пет деца, сите членови на исто семејство, се пронајдени мртви со прострелни рани во дом во јужна Јута, соопштија локалните власти, без да наведат дополнителни детали или можен мотив за злосторството.

Жртвите биле пронајдени кога полицијата извршила претрес во дом во Енох, мал град со околу 8.000 луѓе сместен на 245 милји (394 километри) јужно од Солт Лејк Сити, објави Хафпост.

Градоначалникот на Енох, Роб Дотсон, рече дека сите се потресени од веста за осумте тела и дека починатите - сите членови на исто семејство - биле добро познати во градот во јужна Јута.


„Многумина од нас служеа со нив во црквата, во заедницата и одеа на училиште со овие лица“, рече Дотсон во видео изјавата синоќа.

„Оваа заедница е повредена во моментов. Тие чувствуваат загуба, чувствуваат болка и имаат многу прашања“, додаде Дотсон, истакнувајќи дека властите планираат да објават повеќе информации кога ќе станат достапни како што напредува полициската истрага.

Петте деца посетувале училиште во школскиот округ Ајрон, велат официјалните лица во соопштението до јавноста.


Слично

Поврзани вести