Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ликвидирани се неколку проруски функционери во Украина за само неколку часа

Ликвидирани се неколку проруски функционери во Украина за само неколку часа

Ликвидирани се повеќе проруски функционери во Украина кои Русија ги постави во окупираните територии. 

За само неколку часа убиени се повеќе раководни лица на окупираните територии во Украина, објави „Гардијан“, посочувајќи дека се работи за локални лидери назначени од Москва.

Проруските функционири се убиени во области оддалечени стотици километри, од Луганск на исток до Херсон во јужните делови на Украина, како и во Бердјанск.

Во бомбашки напад во самопрогласената Луганска Народна Република загинаа главниот обвинител и неговиот заменик, а во ракетен напад на административната зграда во Херсон се убиени најмалку тројца проруски функционери.

Во окупираниот Бердјанск се убиени градоначалникот и неговата сопруга на пат кон кон изборната комисија задолжена за организирање на референдумот за присоединување кон Русија.

Проруските сепаратисти во Украина ги обвинуваат украинските власти за убиствата, а украинските власти не презеле одговорност. Војната почна на 24 февруари.

Слично

Поврзани вести