Ликвидиран еден од лидерите на група поврзана со „Исламска држава“
Еден од старешините на египетските екстремисти поврзан со локална група на „Исламска држава“ , „Ансар ал Беит Макдис“ е ликвидиран во престрелка со припадниците на Министерството за внатрешни работи на Египет.
Според информациите Ашраф ал Гарабли кој стои зад многу од извршените терористички акти во последниве години, е убиен во северното предградие на Каиро.
До терористот е стигнато благодарение на оперативни информации добиени од информирани извори. Од министерството на Египет ја планирале операцијата за апсење, на местото каде што се наоѓал, така што е направена заседа.
Ашраф ал Гарабли бил забележан дека се придвижува со автомобил. Кога полицајците направиле обид да го задржат, тој отворил оган врз нив и бил ликвидиран со одмазднички оган.
