Лихтенштајн ќе ја укине банкарската тајна
Властите на Лихтенштајн денеска соопштија дека ќе ја прекинат практиката на помагање на странците во даночното затајување во нивните матични земји.
Банките во Лихтенштајн се на мета на напади од Соединетите Американски Држави и другите земји поради олеснување на процесот за даночно затајување, пренесува агенцијата Франс прес.
Лихтенштајн реагираше брзо во поглед на меѓународниот притисок поради прикривањето на даночните азиланти од соседната Швајцарија, која веројатно е најважниот офшор финансиски центар во светот.
Банкарите во Лихтенштајн се надеваат дека оваа одлука ќе ги смири неодамнешните негативни реакции предизвикани со американската и европската истрага за активностите на банките во таа земја, поради што богатите странци масовно ги повлекуваат парите од таа земја.
Слично
