Лидерот на „Вагнер“ бара затвореници да се борат во Украина во замена за слобода
Шефот на групата „Вагнер“ Евгениј Пригожин e снимен како регрутира затвореници
Пригожин им ветува слобода на затворениците за служба од шест месеци во Украина.
На снимката потврдена од Би-Би-Си, може да се види Пригожин како се обраќа на поголема група притвореници.
Пригожин им вели на затворениците дека казните ќе им бидат ублажени во замена за служба во неговата група.
Тој ги информирал затворениците за правилата на „Вагнер“ со кои се забранува алкохол, дрога и „сексуални контакти со локални жени, флора, фауна, мажи – што било“.Регрутите мора да бидат во „добра физичка форма“, пред да открие дека првите 40 регрути од казнената колонија во Санкт Петербург биле распоредени за време на нападот на електраната Вулехирска во источна Украина во јуни.
Слично
