ЛИДЕРОТ НА КАТАЛОНИЈА ПРОГЛАСИ НЕЗАВИСНОСТ, ПА ЈА СУСПЕНДИРАШЕ: Што се случуваше синоќа и која е реакцијата на Мадрид?
Заменичката на шпанскиот премиер Сораја Саенс де Сантамарија оценила синоќа дека лидерот на областа Каталонија Карлес Пуџдемон „не знае каде се наоѓа и каде оди“, откако во каталонскиот парламент е потпишана декларација за независност која потоа веднаш е суспендирана.
„Тоа било говор на личност која не знае каде се наоѓа, каде оди или каде сака да оди“, рекла таа и додала дека за среда наутро е закажана вонредна седница на шпанската влада на која ќе се разговара за каталонската одлука.
Пуџдемон синоќа ја потпишал декларацијата за независност на таа област од Шпанија, која потоа ја суспенцирал.
Во документот се наведува дека се формира „Република Каталонија како независна, суверена и правна држава“, но дека Пуџдемон ја суспендирал примената на декларацијата повикувајќи се на дијалог со централните власти.
