Лидерот на „Исламската држава“ се префрли во Рамади, за да раководи со одбраната
Лидерот на „Исламската држава“ Абу Бакр ал Багдади се префрлил од градот Мосул во ирачкиот град Рамади - административен центар на провинцијата Анбар.
Ова го објави електронската верзија на панарабскиот весник „Аш Шарк-Ал Аусат“, цитиран од агенциите.
Багдади се префрлил во Рамади, за да ги раководи непосредно воените операции против ирачките сили.
По пристигнувањето во ирачкиот град лидерот на „Исламската држава“ издал неколку наредби на командниот состав со цел „да се подигне борбениот дух“ на екстремистите и почеток на нова кампања против ирачката армија во регионот.
Околу 25 илјади ирачки војници и 5 илјади борци од провладините војници учествуваат во нова операција за ослободување на Рамади од „Исламската држава“.
