Лидерот на „ИД“ неколку пати силувал заложничка од САД
Лидерот на „Исламската држава“ Абу Бачка рал-Багдади постојано ја силувал Кајл Милер - американска доброволка, која почина во заробеништво на џихадистите. Ал-Багдади ја прогласил за своја жена.
Тој грозен чин го открило 14-годишно ирачко девојче кое било заробеник заедно со Милер и други девојки кои се чувале како сексуални робинки.
Лидерот на „ИД“ често ја посетувал куќата каде биле држени девојките, за да се среќава со финансискиот лидер на „ИД“ Абу Сајаф. При секоја од своите посети Ал-Багдади ја злоупотребувал Милер.
Кајли Милер е американска активистка и хуманитарен работник. Беше киднапирана во сирискиот град Алепо во август 2013 година. Според исламистите таа била убиена на 6 февруари годинава по воздушните напади на меѓународната коалиција. Околностите околу нејзината смрт се нејасни.
Силувања во името на џихадот
Девојка од азиско потекло што неодамна избегала од заробеништво на „ИД“, раскажала пред светските медиуми дека пред и по секое од силувањата на џихадисти, насилниците се молеле. Кога таа ги молела да не ја повредуваат, тие и одговарале дека имаат право да ја силуваат, бидејќи според Куранот така се поблиску до Господ.
Експертите коментираат дека овој тип објаснување на силувањата би привлекле многу млади муслимани од крајно религиозни групи, во кои сексуалните односи пред бракот се целосно забранети.
