Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лидерот на ИД избегал од Мосул

Лидерот на ИД избегал од Мосул

Водачот на терористичката група „Исламска држава" (ИД),  Абу Бакр ал Багдади го напуштил  ирачки град Мосул.

Ова го тврди британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон пред парламентот, повикувајќи се на извори од разузнавањето. Иако Ал Багдади избегал, тој го користи интернетот за да ги убеди  борците да продолжат со насилството, истакна Џонсон. 

Пред тоа водачот на ИД ги повика своите сили да одолеат на притисокот на ирачката армија во Мосул - втор град во Ирак, каде џихад водачот  објави „Калифат" во 2014 година. 

Групата „Исламска држава" присилно собира цивили, жители околу и во Мосул со намера да ги користи како жив штит при очекување напад на ирачките сили за безбедност. Мосул е поделен од реката Тигар на источна половина позната како левиот брег, и западна половина која е десниот брег.

Се очекува џихадистите да покажат жесток отпор во борбите за западниот дел на Мосул, која ги поврзува со остатокот од западен Ирак и Сирија.

Џонсон предупреди дека џихадистите ќе стануваат се посурови, кога ќе почнат да ја губат контролата над Мосул.


Слично

Поврзани вести