Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛИДЕРОТ НА ХЕЗБОЛАХ: Цел месец Израел нема никакви воени достигнувања

ЛИДЕРОТ НА ХЕЗБОЛАХ: Цел месец Израел нема никакви воени достигнувања

Лидерот на Хезболах, Хасан Насрала оддаде почит кон либанските и палестинските „маченици“, а ја изрази и благодарноста до оние во Јемен и Ирак „кои учествуваа во оваа битка“. Според него „битката продолжува“.

Тој вели дека САД се одговорни за војната во Газа, а дека Израел е само извршна алатка. 

„Америка, Големиот сатана, е одговорна за сите масакри и во актуелниот и во претходниот век“, вели водачот на Хезболах. 

За Палестинците рече дека живеат тешко, на мал простор и немале избор. 

„Тие (Израелците) го убиваат нашиот народ секој ден“, додава тој.

Тој вели дека оваа операција предизвикала безбедносен, воен, политички и психолошки земјотрес во Израел.

„Израел е послаб од пајакова мрежа. Оваа американско брзање да го поддржи и да му помогне на Израел ја разоткри слабоста и неуспехот на овој ентитет“, вели Насрала. 

Кажа дека операцијата спроведена на 7 октомври го отворила патот за нова ера во регионот. Тој тврди дека многу од Израелците убиени во Газа загинале од оган на израелската армија.

„Цел месец Израел не успеа да постигне никакви воени достигнувања. Израелската армија бега од голема копнена операција во Газа бидејќи е слаба и немоќна“, оценува тој.

Насрала е шиитски свештеник кој го предводеше Хезболах од 1992 година. Насрала не се појавува во јавноста со години, наводно поради страв дека Израел ќе го ликвидира.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика на итен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас велејќи дека во Газа се случуваат злосторства против човештвото. 

Во кратката телевизиска изјава израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху истакна дека на средбата со американскиот државен секретар Антони Блинкен, нагласил оти отфрла каков било привремен прекин на борбата против Хамас што не вклучува ослободување на заложниците. Во Газа според податоците на палестинската страна, има над 9.000 жртви. 

фото: Икс/принтскрин

Слично

Поврзани вести