ЛИДЕРИТЕ СЕ ПРЕДОМИСЛУВААТ: Ништо од забраната на извозот на вакцини од ЕУ
Лидерите на
Европската Унија веројатно нема да ја поддржат новата забрана за извоз на
вакцини против Ковид 19 во земјите каде што бројот на вакцинирани е поголем
отколку во ЕУ блокот.
Европската комисија претходно објави дека ќе го блокира извозот на вакцини во обид да се иницира и забрза вакцинацијата во рамките на блокот, но тивкото незадоволство од овој план што постои кај многу членки на ЕУ, најверојатно ќе се види во соопштението кое се очекува да биде објавено вечерва, по завршувањето виртуелниот состанок на ЕУ.
Земји како Холандија, Ирска, Белгија и Шведска се спротивставија на забраната за извоз на вакцини од страв дека тоа ќе влијае на нивното снабдување со вакцини.
Германската канцеларка Ангела Меркел вчера не ја спомена забраната за извоз на вакцини во Бундестагот, но ја повика Европа да го зголеми домашното производство затоа што од Велика Британија и САД не пристигнуваат доволно дози. Таа ја опиша пандемијата како „тест“ за можностите на ЕУ.
„Проблемот во моментот со вакцините не е толку како е нарачана вакцината, туку колку е можно да се произведе на европско тло. Бидејќи е јасно дека британските фабрики прават дози за Велика Британија, САД не извезуваат ништо и можеме да се потпреме само на она што се произведува во Европа“, рече Меркел.
Вчера Комисијата ги смени своите правила за извоз на вакцини, како и регулативата за одобрување извоз на вакцини произведени на територијата на ЕУ, што сега ги опфаќа практично сите трети земји, вклучително и Србија. Забраната за вакцини првенствено е насочена кон Велика Британија, која ја напушти ЕУ кон крајот на минатата година и која е лидер во вакцинацијата на нејзиното население во Европа.
