Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лидерите се договорија, ама европратениците го одбиваат новиот буџет?

Лидерите се договорија, ама европратениците го одбиваат новиот буџет?

 Претседателите на четирите најголеми политички групи во Европскиот парламент - Европската народна партија, социјалистите, либералите и Зелените, соопштија дека ќе одбиваат нема да го прифатат идниот буџет на ЕУ, кој денеска по тешки преговори го донесоа европските челници на Самитот на Унијата во Брисел, јавува МИА..

„Овој договор нема да ја зацврсти конкурентноста на европската економија. Напротив, тој само ќе ја ослаби. Тоа не е во интерес на европските граѓани“, стои во заедничкото соопштемие на конзервативецот Жозеп Дол, социјалистот Јоханес Свобода, либералот Ги Верфовсдат и екологистот Даниел Кон-Бендит.

Според договореното денеска, идниот седумгодишен буџет на Унија треба да тежи 960 милијарди евра, што е извесен преседан во европската историја, новите заеднички средства да бидат пониски од оние кои во моментов се користат.
Слично

Поврзани вести