Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛИДЕРИТЕ НА Г7 ОДЛУЧИJА: Еве какви се плановите за руската нафта

ЛИДЕРИТЕ НА Г7 ОДЛУЧИJА: Еве какви се плановите за руската нафта

Лидерите на земјите од Групата 7 ветија заострување на имплементацијата на плафонот на цените на руската нафта, со цел да ја спречат Москва да продава енергија и да остварува голем профит.

– Ќе продолжиме да вршиме силен притисок врз руските приходи од енергија и други производи – се наведува во соопштението по самитот на седумте индустриски најразвиени земји.

Групата 7 им забранува на западните сопственици на бродови, осигурителни компании и брокери да обезбедуваат транспортни услуги за руската сурова нафта и нафтени деривати по цена над плафонот, пишува Блумберг.

Иако ограничувањата дадоа одредени резултати, Москва успеа легално да заобиколи голем дел од ограничувањата.

Покрај тоа, Русија се обрати до незападни даватели на услуги за испорака на нејзините енергетски производи на нови пазари како што е Индија.


foto> freepik

Слично

Поврзани вести