Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лидер на економскиот раст- Монголија

Лидер на економскиот раст- Монголија

Веќе две години економијата на Монголија има најбрзо темпо на раст во светот и според прогнози на банката HSBC ќе oстане лидер и во 2013 година со раст од околу 18 проценти.

Слични прогнози за монголската економија дава и Economy Watch кој прогнозира раст од дури 23 проценти.

Аналитичари кои работат за монголскиот парламент предвидуваат БДП да се зголеми на 14,4 милијарди долари што означува годишен раст од 19 проценти.

Монголија има население од околу два милиона и 800 илјади луѓе кои живеат на околу 1,5 милиони кв/км.

Економскиот раст де должи на веќе пет годишниот „бум“ во рударството.

Во 2011 година, во Монголија се регистрирани странски инвестиции од 4,7 милијарди долари.

Најголеми трговски партнери и се Русија и Кина. Монголија извезува во Кина 94 проценти од стоките, а увозот од Русија е 27 проценти.

Слично

Поврзани вести