Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛИЧИ НА ВИСТИНСКА ВОЈНА МЕЃУ БОМБАРДЕРИТЕ ВО ВОЗДУХОТ: Детали за несреќата на аеромитингот во Далас

ЛИЧИ НА ВИСТИНСКА ВОЈНА МЕЃУ БОМБАРДЕРИТЕ ВО ВОЗДУХОТ: Детали за несреќата на аеромитингот во Далас

Два авиони од времето на Втората светска војна, бомбардерот Б-17 и Бел П-63 Кингкобра, се судрија околу 13:10 часот по локално време во Далас во САД.

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како авионите се судираат во воздух, а потоа се урнуваат, по што избувнал голем пожар и облак од црн чад се издигнал на небото.

Федералната управа за авијација и Националниот одбор за безбедност на транспортот започнаа истрага.

Еден од сведоците на несреќата изјави дека П-63 во тој момент свртел лево и дека Б17 не можел да го избегне ударот. Противпожарните и спасувачките власти во Далас сè уште не го знаат статусот на пилотот или дали има повредени.

Сепак, продуцентот на ABC News Џефри Кук изјави дека се стравува дека шест лица загинале во несреќата.


Слично

Поврзани вести