Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛИБИСКИОТ ПРЕМИЕР ПРЕЖИВЕАЛ АТЕНТАТ: Куршум го пробил прозорецот на неговиот автомобил

ЛИБИСКИОТ ПРЕМИЕР ПРЕЖИВЕАЛ АТЕНТАТ: Куршум го пробил прозорецот на неговиот автомобил

Вооружени лица го нападнаа конвојот на либискиот премиер Абдул Хамид Дбеиба во Триполи, јавуваат либиските медиуми.

Нападот се случи во четвртокот рано наутро, додека привремениот либиски премиер се враќаше дома.

Еден куршум го пробил прозорецот на автомобилот во кој бил премиерот, но возачот и тој останале неповредени.

Главниот либиски обвинител започна истрага.

Криза околу контролата на земјата

Извор близок до премиерот нападот го нарече обид за атентат.

Се наведува дека куршумите биле испукани од лесно оружје, најверојатно од калашникови.

Доколку се потврди обидот за атентат, кризата околу контролата на Либија може да се влоши, пренесува Хина.


Фото: принтскрин јутјуб

Слично

Поврзани вести