Либиската крајбрежна стража нападна мигранти
Либиската крајбрежна стража нападна мигранти крај бреговите на земјата.
Вооружени мажи го нападнаа брод со мигранти крај бреговите на Либија. Во инцидентот загинаа четири лица, а други 15 се исчезнати. Ова го пријави германската невладина организација „Sea Watch".
Напаѓачите се качиле на бродот, покажувајќи ги обележјата на либиската крајбрежна стража. Мажите ги тепале мигрантите со палки, при што некои од нив скокнале во водата, посочи портпаролот на организацијата.
Слично
