ЛИБИЈА, ИРАН, ИРАК, ТУНИС: Во СЗО се загрижени поради ширењето на вирусот на Блискиот Исток
Светската здравствена организација алармира дека на Блискиот Исток станува алармантно ширењето на коронавирусот.
Има зголемување на бројот на заразени во Либија, Иран, Ирак и Тунис, а брз раст се очекува во Либан и Мароко. Идната недела, земјите од блискоисточниот регион ќе го одбележат Бајрам, кој традиционално се одбележува со собири, на кои може да се прошири заразата.
СЗО како причини за ова ширење на коронавирусот ги набројува непочитувањето на мерките, ниската стапка на вакцинација и ширењето на новите соеви. Тунис е земја со најголема смртност од коронавирусот во регионот и во Африка. За четири недели бројот на дневни случаи во Иран е двојно зголемен.
Бројот на заразени во регионот на Источен Медитеран, кој ги вклучува Пакистан, Авганистан, Сомалија и Џибути, како и земјите од Блиски Исток, надмина 11,4 милиони, а пријавени се 223.000 починати.
Многу земји во светот ги враќаат рестрикциите.
foto Wikipedia
