ЛИБАНСКИOT ПРЕМИЕР ДО СИРИЈЦИТЕ: Tретина од нашето население се бегалци, да се вратат дома
Откако пред една недела, падна режимот на сирискиот претседател, Башар ал Асад, либанскиот премиер Наџиб Микати ги повика Сиријците кои побарале засолниште во неговата земја да се вратат дома.
Тој вели дека имаат економски проблеми.
„Последиците од сириската војна направија Либан да биде домаќин на најголем број бегалци по глава на жител, па една третина од нашето население се состои од сириски бегалци“, изјави Микати на политички настан во Рим, пренесува Ал Џезира.
Високиот комесаријат за бегалци на ОН, објави дека околу 1,5 милиони сириски бегалци живеат во Либан, откако многумина ја напуштија својата земја по граѓанската војна во 2011 година. Неколку илјади сириски бегалци од Турција и Либан веќе се вратиле дома. Асад избега во Русија и таму доби азил.
Фото примтскрин
