ЛЕТОТ НА НЕНСИ ПЕЛОСИ КОН ТАЈВАН ГО СЛЕДЕА 708.000 ЛУЃЕ: Flightradar24 објави-ова не се случило никогаш досега
До моментот кога
слета во Тајпеј, летот SPAR19 го следеа повеќе од 708.000 луѓе ширум светот
Авионот во кој беше претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси беше најследен лет во историјата на Flightradar24, објави веб-страницата за следење авиони.
„До моментот кога слета во Тајпеј, (летот) SPAR19 беше следен од повеќе од 708.000 луѓе ширум светот, што го прави најследен лет во реално време во историјата на Flightradar24“, се вели во соопштението на популарната платформа. Пелоси отпатува за Тајван, и покрај силните предупредувања од Кина, што е прва посета на висок американски функционер на островската држава во последните 25 години.
„Посетата на нашата парламентарна делегација на Тајван е потврда за безусловната поддршка на Америка за енергичната демократија на Тајван“, рече таа во изјавата веднаш по нејзиното пристигнување.
Кинеското Министерство за надворешни работи го осуди „сериозното занемарување“ на обврските на САД кон Кина кои „го поткопуваат мирот и стабилноста“ во регионот. По полетувањето од Куала Лумпур, воениот авион со кој патуваше Пелоси бил следен од повеќе од 200.000 луѓе за време на летот над Индонезија, а тој број „се зголемувал како што авионот се приближувал до Тајван“, се наведува на веб-страницата.
ФОТО: EPA/RITCHIE B. TONGO