Летонија во март ќе конкурира за членство во еврозоната
Летонија во март ќе конкурира за членство во еврозоната, најави летонскиот премиер Валдис Домбровскис. Според него, државата во март ќе се обрати до Европската комисија и од неа ќе побара да состави извештај со кој се проценува дали ги исполнуваме мастришките критериуми.
“Ние во целост ги исполнуваме мастришките критериуми и затоа имаме можност да бараме членство во монетарната унија“, тврди летонскиот премиер, додавајќи дека очекува дека Комисијата во јуни ќе го проследи барањето за членство на Летонија во еврозоната до министрите за финансии на ЕУ, пред конечното одобрение на Европската централна банка во јули.
Слично
