Економија, финансии, бизнис

Контакт

Летонија подготвена за влез во еврозоната, Летонците не го сакаат еврото

Летонија подготвена за влез во еврозоната, Летонците не го сакаат еврото
Летонија не ја дава лесно својата валута. Иако Европската централна банка (ЕЦБ) и Европската комисија (ЕК) објавија дека државата ги исполнила критериумите за воведување на еврото, во исто време во земјата почна собирање потписи за референдум со кој ќе се побара националната валута да остане. Уште во 2010-та, летонската влада одлучи земјата да влезе во евро зоната на први јануари 2014 година. За таа цел мораше да ги исполни потребните критериуми- инфлацијата и буџетскиот дефицит да бидат под три отсто од вредноста на бруто домашниот производ, а јавниот долг е под 60 отсто од БДП. Според последните објави Летонците сега ја држат под контрола ситуацијата со инфлацијата, дефицитот на државниот буџет и јавниот долг.
Слично

Поврзани вести