Економија, финансии, бизнис

Контакт

Летонија го презема претседателствувањето со ЕУ

Летонија го презема претседателствувањето со ЕУ
Летонија денес ја презема претседателската функција во ЕУ и во наредните шест месеци конкурентноста и економскиот раст ќе бидат нејзини приоритети. На нејзината приоритетна листа ќе бидат и дигиталниот потенцијал за развој на ЕУ и зајакнување на улогата на Унијата во светот. На претседателската позиција Летонија доаѓа во време кога Европа се соочува со сериозни безбедносни предизвици. Односите на ЕУ со Русија ќе бидат „клучен елемент“ во надворешната политика за време на претседателствувањето на Летонија со ЕУ, но ова прашање, како што истакнаа летонските претставници, нема да го намали ангажирањето на Унијата во хуманитарните кризи во соседството на ЕУ. Во склоп на трите приоритети од претседателствувањето, конкурентна, дигитална и ангажирана Европа, Летонија ќе се залага за значаен напредок со новиот инвестициски пакет на Европската комисија, како и со стратегијата за енергетска унија, се со цел да се унапреди европската конкурентност. На дигиталната агенда, летонското претседателствување со Унијата ќе се фокусира и на воведување телекомуникациски пакет на ЕУ, безбедност во дигиталното опкружување и единствен дигитален пазар. Прашањето за проширување на ЕУ, како и миграцијата, безбедноста, односите со соседите се дел од приоритетите на ангажирана Европа. Претседателствувањето со ЕУ Летонија го презема од Италија, а кон крајот на јуни ќе го предаде на Луксембург.  
Слично

Поврзани вести