ЛЕТОЦИ СО ПОРАКА ДО ПАЛЕСТИНЦИТЕ: Секој што ќе одлучи да не ја напушти северна Газа, може да биде идентификуван како соучесник на терористите
Израел пак ги предупреди Палестинците да се преселат на југ инаку ќе се сметаат за дел од „терористите“.
Палестинците соопштија дека добивале повеќекратни предупредувања од израелската војска да се преселат од северниот дел на Газа.
Пораката е испратена вчера во летоци означени со името и логото на израелските одбранбени сили, а е испратена и преку аудио пораки преку мобилни телефони низ појасот Газа, објави Ројтерс, пренесе Гардијан.
„Секој што ќе одлучи да не ја напушти северна Газа јужно од Вади Газа, може да биде идентификуван како соучесник во терористичка организација“, се вели во летокот.
Најмалку 130 предвремено родени бебиња се во „голема опасност“ поради недостиг на гориво во болниците во Појасот Газа, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).
На 7 октомври, Хамас почна со напади на Израел, а сега израелската војска сака да ја уништи палестинската група.
foto EPA
