Летајте во вселената со вашите метли, им велат Русите на Американците
Русите ја запреа испораката на ракетни мотори за САД.
Информацијата ја соопшти директорот на руската корпорација „Роскосмос“, Дмитриј Рогозин и им порача сега да летаат со нивните метли. Рогозин вели и дека руската вселенска програма, во светло на новите санкции, ќе биде ревидирана, но дека приоритет ќе биде ставен на производство на сателити кои се потребни за одбрана.
„Сите планови по прашањето на производство и поставување на сателити ќе бидат реализирани“, рече Рогозин.
ЕУ и САД воведоа санкции за Русија откако таа ја почна инвазијата на Украина на 24 февруари. Санкции има и за Белорусија, од чија територија исто така имаше напади кон Украина.
Поради санкциите, руската валута рубљата падна на историско ниско ниво. Се говори и дека е можно Русија да банкротира.Фото: ruaviation.com
Слично
