ЛЕТААТ ОСТАВКИ: Аферата „Панама Пејперс“ турна уште еден министер!
Шпанскиот индустриски министер поднесе оставка поради врски со офшор компании, кои излегоа на светло благодарение на „Panama Papers“ (панамските документи).
Хозе Мануел Сорин ги негира сите тврдења дека е поврзан со офшор компании.
Во исто време објави дека ја напушта функцијата на министер за ограничување на создавањето на негативно мислење за неговата партија.
Тој поднесе оставка исто како пратеник и претседател на регионалната Народна партија на Канарските острови, пренесе „The Spain Report“.
Во изјавата тој вели дека поднел оставка „во светлината на грешките, извршени во последните неколку дена, поврзани со моите објаснувања за бизнис активностите и имајќи ја предвид очигледната штета која оваа ситуација може да ја нанесе на шпанската влада“.
Во Шпанија претстојат избори во декември.
