Лета: На Европа и требаат мерки за економски раст
Европските земји да му дадат приоритет на економскиот раст, пред намалувањето на долгот повика денеска новиот италијански премиер Енрико Лета, кој додаде дека Европа има потреба од зајакнување на интеграцијата со цел да се справи со кризата.
За прва официјална посета во странство тој ја избра Германија.
„Сторивме се што е потребно за да ги доведеме во ред финасиите и ќе продолжиме да работиме во таа насока. Но Европа треба да применува политики, кои го стимулираат растот“, рече Лета .
За германската канцеларка Ангела Меркел која е еден од најголемите приврзаници на структурните реформи, намалувањето на трошоците и на дефицитот во Европа забележителен е напредокот во Италија, но стремежот кон економски раст треба да соодветствува со подобрувањето на состојбата на јавните финансии.
„За нас во Германија консолидацијата на буџетот и растот се два елементи, кои не се спротивставени, а кои треба да се развиваат заедно, за да ја зацврстат конкуретноспособноста и да создаваат повеќе работни места“, рече Меркел. Според неа растот не може да биде инициран само од владите, туку треба се потпира и на инвестициите од приватниот сектор.