Лесни избори – освоил 100% од гласовите!
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун освоил 100% од гласовите на изборите во својата изборна единица, а одзивот на гласачите бил 100%, објави севернокорејската изборна комисија.
„Резултатот е израз на апсолутната поддршка и длабоката доверба на воените сили и на останатото население во врховниот водач“, според медиумите во Северна Кореја.
Сепак ваквиот резултат не е за изненадување ако се знае дека во сите 687 изборни единици настапуваше само по еден единствен кандидат од партијата на Ким Јонг Ун, а гласањето во Северна Кореја е законска обврска.
Граѓаните кои се спречени да излезат на гласање, примаат посета дома, каде го даваат својот глас, а изборите се сметаат и за своевиден попис на населението.
Допрва ќе се пребројуваат гласовите и од останатите изборни единици, но ова се избори на кои едноставно се невозможни изненадувања.
Слично
