Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лесја Украинка: "Уште едно воено злосторство на руската армија: масовни гробници во ослободениот град Изjум"

Лесја Украинка: "Уште едно воено злосторство на руската армија: масовни гробници во ослободениот град Изjум"

Украинскиот град Изјум се наоѓа во регионот на Харков, тој бил заземен од руската војска на почеток на април годинава. На 11 септември 2022 година, за време на успешна контраофанзива, вооружените сили на Украина го ослободиле градот од руските окупатори.

Но, радост од победата се сменила поради застрашувачки работи откриени во шумата надвор од градот:

На сликите се прикажани масовни гробници кои останале по повлекувањето на руската војска од територија на градот, кој неколку месеци бил под нејзината окупација. Според првичните проценки, биле пронајдени околу 460 гробови. Повеќето од погребените најверојатно се цивили кои загинале за време на гранатирањето на градот и поради тортура од страна на руски војници. Исто така, е пронајдена и масовна гробница со 25 украински војници:

Сите тела ќе бидат ексхумирани во рамки на истрагата, а резултатите ќе бидат припоени до материјалите на меѓународниот трибунал.

Исто така, во градот била пронајдена и соба за тортура, која се наоѓала во штала на една од куќите. На подот има линолеум за брзо измивање на крв. Во аголот има маса и стол, каде што седел претставник на Руската Федерација. Затворениците биле измачувани со цел да се натераат да соработуваат или да преземат одговорност за шпионирање на корист на украинските вооружени сили. Такво измачување на цивили е кршење на меѓународното право, а Русија уште еднаш докажа дека е терористичка земја.

Бројот на убиени од руската армија помеѓу цивилното население на Изјум е двојно поголем од бројот на жртвите на русите во градот Буча во Киевскиот регион. Уништувањата во градот можат да се споредат со уништувања во неколку такви градови како Бородјанка. Руските окупатори извршиле повеќе ракетни напади врз Изјум отколку врз Мариупол, додека населението во Изјум пред сеопфатната инвазија било 10 пати помало.

Продолжува сеопфатната контраофанзива на украинските сили. Град по град, Украинците продолжуваат да ги ослободуваат своите територии и страшно е да се замисли уште колку такви масакри ќе бидат откриени во иднина. Русија е терористичка земја број 1 во светот, која мора да биде казнета за сите злосторства направени против украинскиот народ. Западната помош мора постојано да се зголемува до целосна победа на Украина над криминалниот режим на Путин.

ПР Објава на Здружението Лесја Украинка

Ставовите изразени во овој текст се тврдења на Здружението и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Фактор

Слично

Поврзани вести