Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лесја Украинка: Украинските деца од привремено окупираните територии масовно ги депортираат во Русија

Лесја Украинка: Украинските деца од привремено окупираните територии масовно ги депортираат во Русија

РФ продолжува насилно да ги депортира Украинците на нејзина територија.Заклучно со 15-ти октомври, според податоците на украинските разузнавачи, Русија депортирала околу 1,2 милиони Украинци од Украина на своја територија, меѓу кои и 240.000 деца. Руските власти намерно ги одвојуваат украинските деца од нивните родители и ги киднапираат децата од сиропиталиштата пред да ги дадат на посвојување во Русија.

Присилното преселување на децата од окупираните територии започна уште пред почетокот на руската инвазија од големи размери врз Украина, вели основачот на „Источната група за човекови права“ Павло Лисјански: „Од 21 до 23 февруари, од окупираниот Донбас во рамки на „евакуацијата“ изнесоа деца од повеќе од 30 сиропиталишта и интернати. Во секоја установа имаше околу 50-70 деца“

Масовната депортација започна во март. Во окупираните региони создадоа транзитни пунктови за деца, вели бранителот на човековите права: „За ова ја користат масовната мобилизација на мажите на окупираните територии. Меѓу другото, претставници на окупационите администрации доаѓаат кај семејствата на мобилизираните. Дома, да речеме, присутно е само детето. Мајката е на работа, таткото е во руската армија. Таканаречените „социјални служби“ ги земаат децата и ги депортираат во РФ“.

Ваквите процеси започнаа во окупираните делови на Донецката и Луганската област, а подоцна постапката беше воведена и во Херсонската област, објаснува Павло Лисјански.

Русите во медиумите известуваат и за отстранување на децата од окупираните територии. Едно такво видео од Мариупол беше објавено во септември од Петро Андриушченко, советник на градоначалникот на градот, на Телеграм каналот: „На децата веднаш им се дава руско државјанство и се планира преселување во Русија. Во април 2022 година, Русија донесе закон за поедноставување на посвојување на странски државјани. Таа е насочена конкретно кон легализација на украинските деца во руските семејства, смета бранителот на човековите права Павло Лисијански.

За да ги поттикнат Русите да посвојуваат насилно преселени деца, им се нуди еднократна исплата на породилниот капитал и државната помош. Ова е 20.000 рубли (приближно 300 евра) годишно за секое посвоено дете и околу 150.000 (приближно 2.300 евра) за дете со попреченост; дете постаро од 7 години; „посвојување“ на браќа и сестри. Познато е дека само во Краснодарската област во Русија биле дадени на „посвојување повеќе од 1.000 украински деца депортирани од Мариупол “. Управата за семејни и детски работи на Краснодарската област информира дека децата кои руските окупатори ги изнесоа од бомбардираниот украински град сега ќе живеат во Тјумен, Иркутск, Кемерово и Алтајскиот крај.

Системот на депортација и посвојување го надгледуваат руската пратеничка Ана Кузњецова и детскиот правобранител на администрацијата на Путин, Марија Лвова-Белова. Таа постојано известуваше за „херојското спасување“ на малолетници од подрумите на Мариупол.

Според Павло Лисјански, токму таквите деца масовно се депортираат од окупираните територии на Украина. Потоа тие се дистрибуираат по два-тројца во различни региони на Руската Федерација: „Имаме информации за повеќе од илјада украински деца, распределени меѓу сиропиталишта и семејства во Московската област, Таганрог и сл. Украина собира и евидентира докази за сторени кривични дела против малолетни Украинци, вели украинскиот народен правобранител Дмитро Лубинец.

Шефот на Кабинетот на Претседателот, Андриј Јермак, смета дека ОН можат да ѝ помогнат на Украина да ги најде децата. Покрај тоа, треба да се воспостави соработка со правобранителите и владите на другите земји.

ПР Објава на Здружението Лесја УкраинкаСтавовите изразени во овој текст се тврдења на Здружението и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Фактор

Слично

Поврзани вести