Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лесја Украинка: РФ е подготвена да преговара со сите страни вклучени во војната во Украина, но Киев и нејзините западни сојузници наводно одбиваат да учествуваат во нив

Лесја Украинка: РФ е подготвена да преговара со сите страни вклучени во војната во Украина, но Киев и нејзините западни сојузници наводно одбиваат да учествуваат во нив

Ова го изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за државниот ТВ канал „Русија 1“, пренесува Reuters.

„Подготвени сме да водиме преговори со сите заинтересирани страни за прифатливи решенија, но тоа е нивна работа – не одбиваме ние да преговараме, туку тие“, рече Путин.

Претседателот на РФ исто така изјави дека Русија дејствува во „вистинска насока“ во Украина, бидејќи Западот на чело со САД се обидува да ја подели Русија.

„Јас сметам дека дејствуваме во вистинска насока, ги браниме нашите национални интереси, интересите на нашите граѓани, нашиот народ. И немаме друг избор освен да ги заштитиме нашите граѓани“, рече Путин.

Повторната изјава на Путин за „подготвеност за преговори“ е блеф за обновување на силите на поразената армија. Зголемувањето на испораките на оружје за Украина е единствениот начин да се принуди Кремљ да се откаже од продолжувањето на војната и теророт на цивилното население во Украина

Русија всушност губи по еден баталјон секој ден во близина на Бахмут. Руската армија трпи големи загуби: за овие 300 дена од војната, нејзините загуби само со убиени надминаа 100.000 луѓе - бројка без преседан по 1945 година. Путин ја разбира тактичкатабезизлезност на оваа ситуација и се надева дека преговорите ќе ги надоместат исцрпените воени ресурси. Во меѓувреме, Русите, сфаќајќи дека наесен има катастрофален недостиг на регрути, дополнителните 150.000 војници на никаков начин не влијаеја на текот на настаните, освен нс стабилизирањето на линијата на фронтот. Путин сонува за офанзива и затоа во Русија ќе продолжи мобилизацијата.

Покрај тоа, на руската армија и недостига оружје. Така, тенковите и артилеријата од 1960-тите се отстрануваат од складишата, Лукашенко ѝ предаде значителен дел од својата тенковска флота на Русија. Производствениот капацитет на рускиот воено-индустриски комплекс е просечен, а следен чекор е увоз на балистички ракети од Иран. Сепак, сето горенаведено не е доволно ако воените дејствија продолжат. Затоа, на Путин очајно му е потребнапауза.

На Украина ѝ е потребна поддршка од Западот повеќе од кога било. Вооружените Сили на Украина не ја штитат само својата земја, туку и дејствуваат како „штит на Европа“. Русија ќе ја продолжи војната се додека ги има ресурсите, а со тоа и целото потребно оружје за Украина, ова е инвестиција во мирната иднина на Европа.

ПР Објава на Здружението Лесја УкраинкаСтавовите изразени во овој текст се тврдења на Здружението и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Фактор

Слично

Поврзани вести