Lenovo размислува да го преземе HTC
Производителот на лаптопи „Lenovo“ размислува да ја преземе компанијата „HTC“. Претставниците на двете компании наводно се сретнале на таен состанок на крајот на август. Преземањето потенцијално би можело да биде корисно за двете компании, а конечниот резултат од преговорите, ако бидат успешни, се очекуваат на почетокот на следната година.
„HTC“ неодамна ја објави својата прва квартална загуба, а компанијата во текот на тој квартал забележа минус од 101 милион долари на приходите од 1,6 милијарди долари.
Слично
