„Lenovo“ на еворпскиот пазар од идната година
Mултинационалната корпорација за производство и продажба на компјутери „Lenovo“ од Кина, од идната година на европскиот пазар ќе почне да продава и паметни телефони.
Првите апарати ќе бидат пласирани во Западна Европа, во второто тримесечие на 2014 година. Засега „Lenovo“ , надвор од Кина продава паметни телефони само во Индонезија и Русија.
Целта на групацијата е во оваа година да продаде вкупно 10 милиони таблети во светот, што одговара на пазарен удел од 5 проценти, а со ваков процент на продажба „Lenovo“ се наоѓа на четвртата позиција во светот, зад јужно-корејската електронска компанија „ЛГ“.
Со 16,7 отсто учество и 12,7 милиони продадени компјутери, „Lenovo“ во вториот квартал од оваа година се искачи на чело на листата на производители, за малку претекнувајќи го „HP“.
