„Леново“ ќе подели 3,25 милиони долари бонуси за работниците
Најпродаваниот компјутерски бренд во светот, кинескиот „Леново“, на своите вработени, околу 10.000, ќе им подели годишни бонуси во висина од 3,25 милиони долари, потврди портпаролката на компанијата од Хонг Конг, Ангела Лее.
Според податоците на сајтот на „Леново“, производителот во целиот свет вработува околу 30.000 лица, а како што вели Лее, од 8.500 до 9.000 од оние кои ќе добијат бонуси работат во Кина, додека остатокот во САД, Јапонија и другите земји.
Повеќето од нив работат на час, па според Лее, дополнителните 300 долари за лицата во призводствениот сектор ќе значат многу, особено за оние кои ги издржуваат своите семејства.
Слично
