Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лекарска исповед: Поради политиката за едно дете во Кина, правевме абортуси и во осми месец

Лекарска исповед: Поради политиката за едно дете во Кина, правевме абортуси и во осми месец

Секоја година, голем број на женски бебиња во Кина се абортирани или во тајност убиени, поради тоа што родителите сакале да имаат машко дете. Се предвидува дека до 2020 година ќе бидат 30-60 милиони повеќе мажи од жени во Кина.

Законот за едно дете во Кина траеше три децении. Овај апсурд, целосно го промени наталитетот во оваа земја.

Во текот политиката на „едно дете" спречено е да се родат 400 милиони луѓе. Само во 2012 година, 6,7 милиони жени беа приморани да абортираат, а последица тоа беше и зголемениот број на самоубиства.

Присилни абортуси и во осми месец

Shanghai-Babies_3179588b

Кинески доктор, кој сака да остани анонимен раскажува за ужасните сведоштва во гинеколошките болници, а пренесува британскиот Телеграф.

„Многу жени беа принудувани на абортуси кои не беа по нивна волја. Имаше и жени што мораа да абортираат и во осми месец, оти таква беше наредбата. Некои од нив ги подврзуваа јајниците за да не го почувствуваат истиот ужас повторно во животот. Тоа беше премногу за мене и морав да ја напуштам работата засекогаш" - раскажува кинескиот гинеколог.

Guan Junze and his grandparents take their souvenior picture in front of the Tiananmen Gate in Beijing

Одлуката за укинување на овој закон доаѓа дури по децении. Кина неодамна, по 36 години ја укина политиката на „едно дете", а одлуката беше усвоена на состанок на Комунистичката партија.

Слично

Поврзани вести