Лекарка заврши во затвор поради издавање на лажни ковид потврди
Лекарка од Германија е осудена на скоро три години затвор, затоа што издавала лажни ковид потврди.
Таа е осудена на две години и девет месеци затвор. Лекарката дозволила повеќе од 4.000 луѓе да се движат без заштитни маски за време на пандемијата. Давала потврди на пациенти од цела Германија, од кои повеќето никогаш не ги запознала и не ги прегледала. Таа на судењето се правдала дека носењето маски е штетно по здравјето на луѓето. Лекарката доби и тригодишна забрана за работа и парична казна од 28.000 евра кои ги добила поради издавање лекарски уверенија. Нејзиниот канцелариски асистент е казнет со 2.700 евра. Адвокатот на лекарот има намера да поднесе жалба на пресудата. И во други европски земји имаше слични примери. Во Гренобл во Франција, вработена во болница издавала лажни ковид потврди. Таа тоа го правела за пари, по што беше уапсена.
foto freepik.com
