Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лекарка продавала лажни лекови против корона за што доби 20 години затвор

Лекарка продавала лажни лекови против корона за што доби 20 години затвор

Лекарка од Калифорнија продавала лажни потврди и лекови против коронавирусот, по што е осудена  на 20 години затвор. 

Таа е осудена поради продавање на лажни потврди за вакцинација и неефикасни таблети против коронавирусот. Таа вчера беше уапсена, а денеска беше осудена на 20 години затвор и 100 илјади долари казна, пренесува Њујорк Тајмс. 

Џули А. Мази, е хомеопат, која продавала таблети против Ковид-19 за 243 долари. Таа тврдела дека тие помагале на имунолошкиот систем и давале „доживотен имунитет против Ковид-19“. 

Полицијата покренала истрага против Мази откако во април некој поднел жалба, велејќи дека негови роднини од Мази купиле таблети за имунитет и поради тоа тие не се вакцинирале. Лекарката им ги давала таблетите заедно со лажна потврда за примена вакцина „Модерна“.  На полицијата сè уште не и е познато колку  пари заработила Мази, но се споменува сума од 200.000 долари. Таа докторирала на Универзитетот за природна медицина во Портланд, и се занимавала со хомеопатија долги години.

Слично

Поврзани вести