Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лекарка од Њујорк си го одзеде животот по битката со коронавирусот

Лекарка од Њујорк си го одзеде животот по битката со коронавирусот

Врвна лекарка од Њујорк, која беше на првата борбена линија со коронавирусот, си го одзеде животот, објави Би-Би-Си.

Лорна Брин(49), која работела како лекарка во ургентната служба во њујоршката болница во Менхетн „Ален“, почина од само-повреди во неделата, информираше полицијата. 

„Таа ја работеше својата работа и тоа ја уби“, вели таткото на лекарката.

Според таткото, Лорна немала историја на ментални болести. Таа починала во Шарлотсвил, Вирџинија, каде престојувала со семејството.

Лорна се разболела од коронавирусот за време на работата и се вратила на работа по една ипол недела, вели татко ѝ. Болницата ја пратила назад дома, по што семејството интервенирало таа да дојде во Шарлотсвил.

Таткото вели дека кога последен пат зборувал со Лорна таа раскажувала како пациентите со Ковид-19 умираат во амбулантите пред да бидат префрлени во болница.

„Таа навистина беше во рововите на фронтот. Се надевам дека ќе биде славена како херој. Таа е жртва како и сите други што починаа“ – вели д-р Брин.

Брин била верник и блиска со семејството. Обожавала скијање и салса танц, еднаш неделно волонтирала во дом за стари лица.

„Д-р Брин е херој кој ги донесе врвните идеали на медицината на предизвикувачкиот фронт на одделот за ургентна помош“, соопштија од болницата.

И полицијата, која ја потврдила смртта на д-р Брин, ја именувала Лорна како херој во извештајот.

Полицијата соопшти дека по повикот за помош на 26 април, д-р Брин била однесена во локалната болница каде подоцна починала од повредите што си ги направила.

„Здравствените работници во првите редови и лицата кои први одговараат на предизвиците не се имуни на менталните или физичките последици од актуелната пандемија. На дневна основа овие професионалци работат под најстресни околности, а коронавирусот е дополнителен стрес“ – изјави шефицата на полицијата Рашал Брекни.

Њујорк има 17.500 починати од коронавирусот. 

Во светот, научниците работат за побрзо пронаоѓање на вакцина против Ковид 19.

Слично

Поврзани вести