Лекарка од Јужна Африка открива еден симптом кој се појавил кај заразени со омикрон
Ако ве гребе грлото, веднаш направете ПЦР тест, бидејќи тоа е необичен симптом на омикрон.
Лекарка од Јужна Африка открива еден симптом кој се појавил кај голем број пациенти. Д-р Анжелик Кучи, претседателка на Јужноафриканската асоцијација на лекари, во ноември годинава започнала да лекува пациенти со необични симптоми. Голем дел од пациентите не го загубиле чувството за мирис и за вкус како што тоа било случај со претходните варијанти на коронавирусот.
„Лекував еден маж кој пријави необичен симптом на грлото. Додека во минатото пациентите пријавуваа болки во грлото и сува кашлица, сега пријавуваат чувство на гребење во грлото“, изјавила д-р Кучи.
Овој сој го има во 21 држава во Европа.
Слично
