Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лекарите предупредуваат: Драстичен раст на бројот на заболени од рак на грлото - цигарите не се причина за ширење

Лекарите предупредуваат: Драстичен раст на бројот на заболени од рак на грлото - цигарите не се причина за ширење

Во последните две децении во Велика Британија и во САД драстично се зголемува бројот на заболени од рак на грлото, а поради екстремно зголемениот број на заболени, експертите оваа појава ја нарекуваат пандемија.

Дури 70 отсто од пациентите со рак на грлото се припишуваат на ХПВ, сексуално пренослив вирус кој е поврзан со неколку форми на рак, вели Хишман Механа од британскиот универзитет во Бирмингем.

Механа истакнува дека постои поголем ризик од рак на грлото кај луѓето кои имаат повеќе од еден сексуален партнер, а особено кај оние кои почесто практикуваат орален секс. Тоа е најголемиот ризик, дури и поголем од пушењето, нездравата исхрана или алкохолот.

Има голем пораст на ракот наречен орофарингеус, најчестиот вид на рак на грлото, кој се појавува во крајниците и задниот дел на грлото.

ХПВ предизвикува инфекции во задниот дел на грлото или во близина на крајниците, и иако во повеќето случаи овие инфекции исчезнуваат сами од себе, тие исто така можат да предизвикаат рак.

„Оние со шест или повеќе доживотни партнери за орален секс имаат 8,5 пати поголеми шанси да развијат орофарингеален карцином отколку оние кои не практикуваат орален секс“, напиша таа во The Conversation.

Повеќе од 50.000 случаи на орален или фарингеален карцином се дијагностицираат секоја година во САД, предизвикувајќи повеќе од 10.000 смртни случаи годишно. Сепак, бројот на случаи се зголемува, до 1,3 отсто годишно кај жените и 2,8 отсто кај мажите, според Американското здружение за рак.


Во Обединетото Кралство секоја година повеќе од 12.000 заболуваат од рак на главата и грлото, од кои четири илјади умираат, пишува Daily Mail.

„Повеќе од 90 проценти од карциномот поврзани со ХПВ може да се спречат со вакцината за ХПВ, но вакцините сè уште не се оптимални“, заклучил научник од Здравствениот центар Хенри Форд.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести