Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лекари наместо вакцини на луѓето им ставале солена вода

Лекари наместо вакцини на луѓето им ставале солена вода

Скандал ја тресе Индија. Лекари наместо вакцини против ковид на луѓето им ставале солена вода. Илјадници луѓе во Индија купиле лажна вакцина против коронавирусот. 

Најмалку 12 лажни акции за вакцинација се одржаа во градовите во близина на Мумбаи, изјави висок службеник на градската полициска администрација. Полицијата уапсила 14 луѓе, под сомнение дека извршиле измама и го загрозиле здравјето на луѓето. Полициската акција сè уште не е завршена. 

Индија се соочи со колапс на здравствениот систем пред два месеци. Вакцинацијата одеше бавно. Во светот имаше повеќе случаи каде на луѓето им била вбризгувана вода или физиолошки раствор. Такви скандали имаше во Италија, Мексико, Полска. 

Слично

Поврзани вести