Лекар од ОАЕ стигнал во Грозни да го лекува Кадиров?
Азмат Матијанов, новинар од Казахстан oбјави дека чеченскиот лидер Рамзан Кадриов наводно има сериозни проблеми со бубрезите.
Пред неколку дена се појави информација дека лидерот на Чеченија е во многу лоша физичка состојба и дека има големи здравствени проблеми. Се наведува дека нефрологот со триесетгодишно искуство, Јасин Ибрахим Ел Шахат веќе пристигнал во Грозни од ОАЕ, објавија руските медиуми. Ахмед Закаев, претставник на кабинетот на министри на Ичкерија во егзил, тврди дека Кадиров е болен долго време, па дури и станал зависник од дрога. Други извори пишуваат дека Кадиров наводно бил отруен. Кадиров го пропушти годишното обраќање на рускиот претседател Владимир Путин во Федералното собрание на 21 февруари годинава. Кадиров беше многу активен со коментари за војната во Украина и тврдеше дека неговите борци за многу кратко можат да ја поразат оваа земја. Неодамна рече дека ако Путин нареди, ќе отидат и во САД.
