Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Lego“ стана втор најголем произведувач на играчки во светот

„Lego“ стана втор најголем произведувач на играчки во светот
Во првите шест месеци од годинава, данската компанија за играчки, „Lego“, успеа да се искачи на второто место во светот меѓу производителите на детски играчки. Продажбата на „Lego“ во првото полугодие е зголемена за 13 проценти, на 1,8 милијарди долари. За споредба, компанијата „Hasbro“, која претходно беше на второто место според производството на играчки, ја намали продажбата во првата половина од годината на 1,4 милијарди долари. Притоа, во вториот квартал е забележан пад на приходите во однос на истиот период минатата година. Најголемиот светски производител на играчки е американскиот „Mattel“, кој го поседува брендот „Barbie“. Тој во првата половина од годината продаде производи во вредност од 2,1 милијарди долари, што е раст од четири проценти на годишно ниво.  
Слично

Поврзани вести