Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лего коцките хит во Азија

Лего коцките хит во Азија
Зголемениот интерес на „малите градежници“ за Лего коцките, му помогна на данскиот производител на играчки, кој е најголем играч во секторот во Европа и шести во светот, да има брилијантни резултати во првото полугодие на 2013 година Како што соопштија денеска од семејната компанија, приходите се зголемиле за 13% на годишно ниво до 10,36 милијарди дански круни (околу 1,39 милијарди евра). Во Азија за овој период компанијата има продадено дури за 35% повеќе играчки. Во Европа растот пак е  8%. И во однос на профитот Данците имаат со што да се пофалат, односно остануваат 2,38 милијарди круни (околу 319 милиони евра). Во првото полугодие на 2012 година добивката беше само 2 милијарди круни. Од 2017 година компанијата ќе произведува играчки за азискиот пазар директно во Кина. Наредната година таму започнува изградба на новата фабрика.
Слично

Поврзани вести