Економија, финансии, бизнис

Контакт

Легендарниот водител Лари Кинг добил инфаркт

Легендарниот водител Лари Кинг добил инфаркт

Познатиот американски телевизиски водител Лари Кинг претрпел срцев удар и бил пренесен во болница.  Лекарите кај водителот направиле ангиопластиката и се очекува тој да биде испишан од болница во понеделник.

Срцевиот напад се случил додека Кинг се подготвувал да оди на ангиограм поради тешкотиите кои ги имал во дишењето, со кои се соочувал со месеци. Лекарите му поставиле неколку стентови.

Легендарниот Кинг е во својата 85 година од животот и во моментот се наоѓа на интензивна нега за срцеви заболувања, а се очекува да биде пуштен во понеделник.

Лари Кинг добива срцев удар по вторпат. Првиот го добил во 1987 година.


Фото Getty Images

Слично

Поврзани вести