Економија, финансии, бизнис

Контакт

Легендарниот Сергеј Бубка под медиумски напад затоа што не ја осудува Русија

Легендарниот Сергеј Бубка под медиумски напад затоа што не ја осудува Русија

Легендарниот Сергеј Бубка кој орв прескокна над шест метри во дисциплината скок со стап и беше светски познат и меѓу оние кои не следеа атлетика, е под медиумски напад во Украина затоа што наводно ги снабдувал со нафта проруските сили од почетокот на руската инвазија на неговата земја во Донбас.

Најголемиот спортист во историјата на Украина, 35-кратниот светски рекордер во скок со стап, повеќекратниот европски и светски шампион и олимписки победник, носител на титулата Херој на Украина и поранешен пратеник во парламентот, наводно тоа го правел преку компанијата „Мон Блан“, која исто така му припаѓа на неговиот брат Василиј. 

Компанијата наводно работи на привремено окупирани области и им продава гориво на „терористите“, тврди истражувањето на порталот Bihus.info. Новинарската истрага тврди дека на почетокот на 2023 година „Мон Блан“ се појавил во рускиот регистар на правни лица, а во мај компанијата склучила официјални договори во окупираниот Донбас за испорака на нафта и деривати за повеќе од 800 илјади рубли.Семејната компанија на Бубка има и најмалку шест бензински пумпи, од кои сите се наоѓаат на украинските територии припоени од Русија: четири во Доњецк, по една во Макиевка и во близина на Волноваха.

Иако е легенда, Бубка долго време е осомничен за неговите проруски ставови. Од почетокот на конфликтот во Украина, не се огласил во јавност. 

Слично

Поврзани вести