Легендарен изговор пред полицајците за алкохолизираната состојба
Човек од Вајоминг кој од полицијата бил пресретнат во алкохолизирана состојба за да избегне плаќање казна или приведување бидејќи бил многу гласен и вознемирен им го дал еден од најлегендарните изговори.
Брајант Џонсон тврдел дека бил пијан затоа што тоа бил единствен начин за да патува низ времето, односно дека тој доаѓа од годината 2048 и дошол од иднината за да ја предупреди планетата дека ќе дојде набрзо до напад на вонземјани.
Џонсон премногу се посветил на изговорот за пијаната состојба па дури барал и средба со „претседателот“ на градот. Секако, полицијата не поверувала на пијаницата кого го казнила за недолично поведение, за потоа приказната да ја споделат со целата јавност.
Слично
