Потенцијална циклонска бомба во САД; Бајден: Ова е сериозна работа ВИДЕО
Голем дел од Соединетите Американски Држави (САД) е зафатен од многу студена воздушна маса од Арктикот, а повеќе од 4.500 летови се откажани на аеродромите низ земјата поради бурните ветрови и невремето.
Во поголемиот дел од земјата е издаден црвен метео аларм, а се очекува дека снегот во текот на претстојниот викенд ќе предизвика големи проблеми во сообраќајот, пренесува Ројтерс.
Winter Strom in US#Snow #WinterStorm #WinterSolstice #Storm #Elliott #blizzardwarning #MIwx #USA #LifeSaverpic.twitter.com/G1QVtoJ1Tb
— Chaudhary Parvez (@ChaudharyParvez) December 23, 2022
Американската автомобилска асоцијација проценува дека 112,7 милиони луѓе планирале да патуваат за време на празниците помеѓу 23 декември и 2 јануари. Големите аеродроми, меѓу кои и оној во Чикаго, како најфреквентен во САД, веќе ги откажаа летовите очекувајќи снежна бура.
Повеќе од 4.500 летови закажани за вчера и денеска се откажани, а повеќе од 1.200 се откажани само на двата главни аеродроми во Чикаго, според службата за следење летови FlightAvare.
Зборувајќи за потенцијален „циклон бомба“, американскиот претседател Џозеф Бајден во Белата куќа рече дека не е како снежен ден кога сте биле дете. „Ова е сериозна работа“, предупредува Бајден.
Циклонот бомба се јавува кога атмосферскиот притисок многу брзо паѓа при силна бура. Синоптичарите очекуваа дека ќе се случи во близина на Големите езера, предизвикувајќи ветрови и создавајќи виулици.
Околу 200 милиони луѓе во 48 држави се под предупредување за тешки временски услови, рече Боб Оравец, прогнозер за Националната метеоролошка служба (NWS) во Колеџ Парк, Мериленд.
ФОТО: Принтскрин Твитер
