Леб и циркуси
Бурна смеа доаѓа од првите редови на градскиот циркус во Пјонгјанг. Војници аплаудираат на Коронел број - корејски селанец, кој се претставува како манекен, измачува американски војник (со голем нос и руса коса). Армијата е слободниот работен ресурс на земјата и шоуто е нивна награда по неколку месеци напорна градежна активност во новите објекти на градот, пишува во својата репортажа The Economist.
Откако Ким Јонг-ун ја презеде власта во земјата по смртта на неговиот татко во декември 2011 година, севернокорејскиот "млад лидер" покажува страст за градежните проекти, а става акцент на забавата. Тоа беше ветување што тој го даде однапред на своите поданици, како и она за просперитетот. Ким заповеда во брзо темпо да се поправаат двата главни лунапарка на главниот град. Потоа беше изграден нов аквапарк, 4D кино и делфинариум, како и паркови крај реки, станбени домови во облакодери и нов аеродромски терминал, отворен минатиот месец. Сега се гради и подземен трговски центар во центарот на градот, кој е наменет за помладата по бројот класа на новозабогатените жители на главниот град.
На врвот нејзино седат така нареќените donju, богати трговци, чии инвестиции охрабруваат уживајќи во трговијата и градежништвото на Пјонгјанг и уште неколку големи градови. Сивата трговија стана карактеристика на животот во земјата, откако се појавија пазарите - во одговор на широко распространета глад во крајот на 90-тите години и на падот на јавни дистрибутивни системи, преку кои претходно речиси сите стоки беа дистрибуирани преку купони. Сега некои donju вртат мал бизнис во корејски претпријатија во сопственост на државата, кои се практично полуавтономни компании, толерирани од банкротираната држава во замена на дел од профитот.
Сето ова почнува да го менува лицето на градот. Изградбата на мал кварт со висококатни станбени згради беше завршена пред неколку месеци - за околу една година. Тој е во реонот на Changjon Street, населба за странски дипломати кои работат овде и го нарекуваат "Пхенхатн". Збогатените donju поседуваат некои од увезените автомобили, се движат по прометните улици на градот, додека други се возат во такси, чиј број расте. Повеќето поседуваат смартфони, со кои сурфаат на строго контролиран од Koryolink, заедничко вложување меѓу државата и египетскиот Orascom Telecom, интранет.
Овој растечки сегмент од населението веќе влегува во очи по улиците на Пјонгјанг - млади жени носат јакни по мерка, со смели бои, а исто така носат очила за сонце кои долго време беа симбол на жените од криминалното подземје во севернокорејското кино. Популарни стануваат костимите со брендот на Burberry. А неодамна севернокорејка на околу 30 години беше забележана со дијамантски брош на Chanel, дискретно закачен над задолжителниот знак со владетелите од династијата Ким. А друга жена беше откриена дури и дека носи мало кутре во својата чанта, вообичаена глетка за Токио или Сеул, но не и за Пјонгјанг до пред пет години. Веќе се гледаат и жени на високи потпетици, некои од нив во леопард или сребрен колорит.
Диктаторот на земјата секогаш зема однос по прашањата за увозот, вообичаено за време на грижливо подготвуваната претстава во која Ким "дава упатства на место". Не би требало да е изненадување дека неодамна Ким издаде упатства за високи потпетици во државна фабрика за чевли и повика локална компанија за козметика да се натпреварува со странските луксузни брендови.
Доаѓа до таму што државната индустрија одговара на пазарните трендови. Супермаркет Kwangbok во западен Пјонгјанг нуди шарени водоотпорни јакни, розови пуканки и копии на јужнокорејските чоколадни бисквити, но локално производство. А еден од 310-те годишни слогани на режимот гласи: "решителни да успееме и покрај санкциите на империалистите, со тоа што ќе направиме огромен подем во лесната индустрија!".
И покрај сето ова нееднаквоста во приходите брзо расте - меѓу оние кои живеат во "Пхенхатн", и оние во најсиромашните квартови на главниот град, меѓу оние кои имаат автомобили, и оние кои не можат да си купат и smartphone.
Најсериозен контрастот е сепак во Северна Кореја надвор од главниот град. Ако воопшто севернокорејската економија забележала раст од 1 отсто годишно од 2011 година, според податоците на јужнокорејската централна банка, тоа малку кои надвор од Пјонгјанг го чувствуваат тоа.
Погледите покрај Пхенсон, на само еден час со автомобил оддалечен северно од Пјонгјанг се краноречиви. Камион напојуван со гас од издувни дрва, поминува покрај мажи кои ги изореле нивите со волови, жени кои ги перат алиштата во реката. За нив и за милиони други, ветувањата на Ким за нова ера на пораст и забава сеуште звучат како празни ветувања, заклучува The Economist.
https://www.youtube.com/watch?v=m9m8eo5OHl0
Обработка:К.К.
Извор: The Economist

Слично