Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ле Пен вели дека Украина не е за во ЕУ

Ле Пен вели дека Украина не е за во ЕУ

Марин Ле Пен, претседателката на партијата на Националното собрание на Франција вели дека Украина не ги исполнува условите за влез во Европската Унија(ЕУ) и тоа треба јасно да се каже. 

„Мислам дека на Киев мора јасно да му се каже дека не ги исполнува условите за да стане членка на ЕУ“,  изјави Ле Пен.

Лидерите на Франција, Германија и Италија денеска го посетија Киев за да разговараат за помошта за Украина и за шансите таа да се приклучи на ЕУ.

Европската комисија во петок ќе даде препорака за кандидатура за членство во блокот за Украина, Молдавија и Грузија. Конечната одлука за доделување или отфрлање на кандидатскиот статус ќе ја донесат шефовите на држави и влади на ЕУ на самитот во Брисел на 23 и 24 јуни. Откако почна  војната во февруари, Украина побара да и се даде шанса да се приклучи во ЕУ. Инаку, Ле Пен во трка за претседател на Франција не криеше дека е проруски настроена и дека сака блиски односи со Русија. Но, таа по втор пат изгуби од актуелниот претседател Емануел Макрон. 

foto EPA/LUDOVIC MARIN / POOL

Слично

Поврзани вести